Производи - Одбери наслов


Средство за миење садови

Примена: Средство за рачно миење садови со мирис на шумско овошје, јаболка, лимон, зелен лимон и портокал.

Начин на употреба: Средството се нанесува на валкани и мрсни површини, се протрива со сунгер или крпа и се измива со вода.

После секоја употреба на средството, рацете измијте ги со вода.

Средството да се чува затворено и подалеку од дофат на деца.

Средство за чистење и одмастување одводни цевки

Содржи 40-45 % NAOH

Примена: Средство за чистење и одмастување на одводни цевки.

Начин на употреба: Половина од содржината на средството да се истури во одводната цевка, да се остави да реагира половина час, а потоа да се испере со топла вода.

Во случај кога затнувањето е поголемо, постапката треба да се повтори.

Предупредување: Во случај на оштетување на дишните органи, треба да се испие разреден оцет и да се побара лекарска помош.

Ако дојде во допир со очите, измијте ги добро со вода и побарајте лекарска помош.

Повредените делови на кожата треба веднаш да се измијат со поголемо количество вода .

Средството треба да се чува во добро затворена амбалажа и да е подалеку од дофат на децата.

Пожелно е при употреба да се носат заштитни средства за очи и лице.

Складирање: Средството да се чува во затворен простор, на температура повисока од 10 °C .

ВНИМАНИЕ: СРЕДСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА ДОЈДЕ ВО ДОПИР СО СОЛНА КИСЕЛИНА.

Средства за чистење санитарии

Примена: Средство за санитарна хигиена, отстранување на бигор, дезинфекција и дезодорирање.

Начин на употреба: Средството се нанесува на површините од керамика. Се остава да дејствува а потоа се протрива со четка и се измива со вода.

Предупредување: При употреба на средството треба да се користат заштитни ракавици и да се внимава да не дојде во допир со кожата и очите.

Во случај да дојде до тоа, местото обилно да се исплакне со вода.

Средството се чува затворено и подалеку од дофат на деца.

ВНИМАНИЕ:СРЕДСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА ДОЈДЕ ВО ДОПИР СО ВАРИКИНА.

УЛТРА WC gel

Примена: Средство за санитарна хигиена, отстранување на бигор, дезинфекција и дезодорирање.

Состав: < 5% амфотерни тензиди; неонски тензиди; содржи: конзерванс; вода; парфем.

Начин на употреба: Средството се нанесува на површините од керамика. Да се остави да дејствува, а потоа да се протрие со четка и да се исплакне со вода.

Предупредување: При употреба на средството треба да се користат заштитни ракавици и да се внимава да не дојде во допир со кожата и очите.

Во случај да дојде до тоа местото обилно да се исплакне со вода.

Средството се чува затворено и подалеку од дофат на деца.

ВАРИКИНА (БЕЛИЛО), средство за белење и дезинфекција на алишта во домаќинството и хотелиерството.

1 литар содржи до:

- 60 гр. активен хлор
- 4 гр. натриум хлорид
- 6 гр. натриум хидрооксид

Примена: Средство за белење и дезинфекција на алишта и други текстилни производи.

Начин на употреба: 1 дл од варикината се раствора во 10-15 литри вода. Испраните алишта се потопуваат во растворот и се оставаат најмалку 8 часа во студена вода односно 3 часа во млака вода на 35-45 °C, а потоа алиштата добро да се исплават.

Предупредување: Во случај на труење веднаш побарајте лекарска интервенција, односно затруениот да испие раствор од 2 лажици сода бикарбона и 4 лажици медицински јаглен (карбоанималис) во 1 литар вода. Остатокот раствор од белило да се истури во отпадни води а испраното шише да се фрли во ѓубре.

Да се чува на студено и темно место што не е достапно за деца.


СОЛНА КИСЕЛИНА HCL, Техничка 15 - 20 %, за чистење бигор во домаќинството.

Примена: Солната киселина се употребува за чистење на санитерни уреди, керамички предмети. По чистењето, предметите задолжително да се измијат со поголема количина вода.

Предупредување: Солната киселина е отровна, испарлива и нагризувачка течност. При користење на истата треба се употребуваат гумени ракаваци и да се заштитат очите. При контакт на киселината со кожата или очите, веднаш да се измијат со вода и сапун. Во случај на проголтување се препорачува испирање со вода, а потоа да се пие млеко, разматена белка од јајце и веднаш да се побара лекарска помош.

Празната амбалажа да се измие со вода и да се фрли во ѓубре.

ВНИМАНИЕ: СРЕДСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА ДОЈДЕ ВО ДОПИР СО ВАРИКИНА.

Течен сапун за миење раце

УЛТРА SOFTY

Антибактериски течен сапун, PH неутрален, за секојдневна хигиена и нега на кожата, со освежувачки мирис и висок квалитет.

Ја штити кожата од сушење.

Лесно се испира.

Средство за чистење стаклени површини

УЛТРА GLASS

Примена: Средство за чистење стаклени површини.

Начин на употреба: Средството се распрскува непосредно на површината и се пребришува со чиста крпа. После употреба рацете измијте ги со чиста вода. Лицата со осетлива или оштетена кожа треба да избегнуваат подолг контакт со средството.

Средството се чува затворено и подалеку од дофат на деца.

АКО СЕ ПРОГОЛТА ВЕДНАШ ДА СЕ ПОБАРА ЛЕКАРСКА ПОМОШ.

Омекнувач

УЛТРА SOFTY, Омекнувач.

За омекнување на алиштата и полесно перење, со пријатен мирис и чуство на свежина и чистота.

Состав: 15-30 % катјонски активни материи; Останато: конзерванси, мирис.

Дестилирана вода

За акумулатори, ладилници, пегли на пареа и сл.

Индустриски детергенти

- Кисело течно средство за одстранување пивски и млечен бигир.

- Течно средство за подмачкување на транспортните ленти во индустријата за алкохолни и безалкохолни пијалоци.

- Прашкасто алкално средство за автоматско миење шишиња.

- Течно кисело средство за одстранување воден бигор.

- Течно алкално средство за автоматско миење шишиња.

- Течно алкално средство за одмастување метални површини.